КАС часови Јасмин

КАС активности во објектите на градинките од ЈУДГ ОЦ „13 Ноември“

На 23.12 2019 г. започна реализацијата на долгорочниот проект во рамките на КАС часовите на учениците од програмата за Меѓународна матура во нашето училиште, во соработка со градинките од ЈУДГ ОЦ „13 Ноември“ Скопје. Во објектот „Јасмин“ учениците подготвија и изведоа куклен театар, а потоа и учествуваа во ликовните активности на децата. Наредните активности од овој проект ќе се изведуваат во другите објекти на градинката, на 26.12 и 27.12 како и на крајот на јануари 2020 година.