Обука за Рано учење и развој

ОБУКА ВО ЈУДГ ОЦ „13НОЕМВРИ“ - СКОПЈЕ ОД ИНСТИТУТОТ ЗА ЕВРОПСКИ ОБРАЗОВНИ, СОЦИО-КУЛТУРНИ И ЕКОНОМСКИ ПОЛИТИКИ – ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ, СКОПЈЕ
Денес во Матичниот објект на нашата Установа мултидисциплинарен тим на експерти од ИНСТИТУТОТ ЗА ЕВРОПСКИ ОБРАЗОВНИ, СОЦИО-КУЛТУРНИ И ЕКОНОМСКИ ПОЛИТИКИ – ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ, од СКОПЈЕ, , во соработка со реномирани професори од катедрите за педагогија и психологија при УКИМ, одржа еднодневна обука на тема РАН ДЕТСКИ РАЗВОЈ организирана за воспитувачи и стручни соработници и работници.
Реализатори на оваа обука беа:
- Проф. д-р. Елизабета Томевска-Илиевска, доктор по педагошки науки со предавање: „Стимулативна средина за учење“
- Проф. д-р. Ана Фрицханд, доктор по психолошки науки со предавање „Развој на говорот од 0 до 6 години“
- Проф. д-р Лена Дамовска – доктор по педагошки науки, со предавање: „Како учат децата?
Предавањата беа од интерактивен карактер, со комбинација на теоретски и практични сознанија, со цел да им помогнат на учесниците не само да ги надградат своите знаења, туку и да разменат искуства од сопствената практика,
Сите учесници на крајот на семинарот се стекнаа со сертификати.