Фолклорен час

На 04.02 продолжи проектот кој во рамките на КАС часовите учениците од паралелките на Меѓународна матура го изведуваат во градинките „13 Ноември“. Учениците од 3-14 паралелката, во објектот „Јасмин” одржаа фолклорен час. На децата им беа презентирани женска и машка македонска народна носија, а потоа учениците ги учеа децата на основните чекори на традиционално македонско оро, пропратено со изворни македонски песни.