Иднината ја засадивме

На ден 11.02.2020 година во нашата градинка „13 Ноември“ во објектот „Парк“, децата на зимското сонце му се радуваа и го разубавија дворот на градинката засадувајќи дрво. Нивниот џагор и нивната песна која пренесуваше голема порака до возрасните беше следна: „Дрво ќе засадиме за воздух чист да има, сега е најпотребен и најзагаден во зима. Во лето под сенка, душа ќе си ладиме, горди ќе бидеме што иднината ја засадивме“.

Воедно упатуваме и голема благодарност до родителите, кои ни го подарија ова дрво, кое ќе го разубавува дворот на нашата градинка и ќе биде дел од приказната на многу деца!