Сообраќај

Во текот на оваа недела, децата од групата „Пчелки“(од 3-4 години), од објектот „Парк“, преку игра и други активности, научија за значењето на боите на семафорот, за пешачкиот премин и за една улица, наречена „Виулица“.

На таа улица едно дете забрзано оди, а мислата во паркот го води.

- Каде брзаш дете, црвено штом свети, зелено ќе чекаш, така ти ни вети...

После овој поучен текст кој предизвика големо внимание, децата сликаа пешачки премин со темперни бои.