Вода

Изминатата недела, децата од групата „Јаболчиња“ (од 5-6 год.) во објектот „Парк“, учеа за водата во природата. Сонцето ја грее водата, а таа кружи во природата. Испарува на небото горе, се враќа на земјата долу и во разбранетото море. Преку разни активности и експерименти децата ги научија својствата и состојбите на водата. Научија дека хигиената е половина здравје.

На крај донесоа заклучок: „Пиј вода секој ден, за да бидеш здрав ко дрен!