Меѓународен ден на подарување на книгата

14 февруари - Меѓународен ден на подарување на книгата

По повод Меѓународниот ден на подарување на книгата, претставници од издавачката куќа Топер денес беа гости во нашата градинка. Тие на децата им го објаснија значењето на овој датум, колку книгите и сликовниците се важни за нивниот развој, како да ги разгледуваат, читаат и чуваат, но најважно од се е тоа што на крајот на ова дружење тие им подарија на децата сликовници со разновидни содржини од реномирани автори и илустратори за деца.