Лета, лета, летало!

Во рамките на темата „Мали истражувачи“, децата од групите Бубамара и Верверички, во објектот Јасмин, учествуваа во повеќе активности и истражувачки игри. Со драматизации, брзозборки и експерименти ги откриваа својствата на воздухот. Учеа низ игра со леталата во дворот на градинката.