Обуки за унапредување на социо-емоционалните компетенции на воспитувачите

Нашата градинка е дел од новата серија обуки за унапредување на социо-емоционалните компетенции на воспитувачите која се спроведе од 5-11.02.2020 година. Обуките ги  спроведува проф. др. Ребека Гренџер-Елис, постдокторски истражувач и соработник на универзитетот Џон Хопкинс и на универзитетот во Њу Ореланс во САД.

Целтта на програмата „Основи за социјална кохезија и културен дијалог“ е поттикнување на социо-емоционалниот развој кај малите деца. Нашите избрани воспитувачи го започнуваат вториот круг на воспитувачи за колегијална поддршка.