Мали уметници

Во рамките на темата: “Мали уметници” во ликовно истражувачката игра-гребење на густа боја, децата од групите: “Мечиња“ и “Синолички” (5-6год.), од  Матичниот објект организираа заедничка активност. Во процесот на истражувачките игри со различни техники и матријали доаѓа до израз творечката фантазија. Во ваквите истражувачки игри децата се ослободуваат и го искажуваат она што не може да се забележи во другите ликовни творби, ја развиваат љубовта кон ликовното творење и изразување.