РЕЦИКЛИРАЈТЕ, КРЕИРАЈТЕ, СПОДЕЛУВАЈТЕ СО МОТОТО - СИТЕ ДОМА!

Во периодов кога за доброто на нашите деца сите сме дома, а денот на најмалите треба да се исполни со интересни и креативни содржини, денес ви предлагаме активности со кои вашето дете и вие ќе бидете ангажирани и креативни. Секако ќе се соочиме и со доста амбалажа која наместо веднаш да ја фрлиме можеме да ја искористиме за разни активности. Еве неколку идеи за креативни изработки од лимени конзерви. Родители, ве покануваме да креирате, да ги фотографирате вашите изработки и да споделувате со нас. Следуваат и други предлози до вас со мотото - СИТЕ ДОМА!