ДОМА СЕДИ - ЗДРАВЈЕТО НАЈМНОГУ ВРЕДИ!

На 21 Март ни дојде и оваа пролет - убава, мирисна, расцветана. Според планот и програмата на нашата градинка, заедно со децата и родителите на традиционалниот хепенинг требаше да засадиме млади дрвја, цвеќиња и билки во дворот на нашата прекрасна градинка.

Садењето ќе одложиме за некоја друга прилика, бидејќи сега е наjважно дома да седиме и здравјето да си го чуваме.

Но на наше изненадување, децата од групата „Пеперутки“ од објектот „Парк“, тоа го направија во своите дворови заедно со своите родители, а дел од нив фотографиите ги споделија со нас.