СОНЦЕ ОД БРОЕВИ

За ова активност во која со вашето дете или внуче ќе се забавувате ќе сечете, лепите и учите ни се потребни следниве материјали:
  • Круг од жолта боја со големина по ваш избор (доколку нема дома во моментот можете да земете било каква боја или да избоите бел лист со жолта боја);
  • 10 Стапчиња за раженчиња кои ќе ги користиме како зраци на сонцето (доколку немате во мементот може да искористите и обична хартија);
  • Пластични цевчиња за нижење на зраците на сонцето (доколку од претходно се одлучите краците да ги правите од хартија можете цевчињата да ги замените со стикери);
  • Фломастери за пишување на броевите и цртање на детали на сонцето;
  • Ножички;
  • Лепило;
Го земате кругот, кој претходно сте го исекле вие или детето, на задната страна лепиме 10 стапчиња или парчиња хартија, потоа го вртиме од предната страна. Пред секое стапче пишуваме по еден број. Можете да ги пишувате редоследно при што детето како ваш помошник треба да ви кажува кој е нареден број и да ги именува симболите. Потоа ги земате цевчињата кои претходно се исечени со должина не поголема од 1 cm.(или стикерите доколку се одлучите за краци од хартија) и ги нижите на секој зрак при што количината треба да одговара со бројот. Во прилог имате слика како изгледа сонцето. Останете безбеднни и имајте убав ден
Дипломиран дефектолог (Специјален едукатор и рехабилитатор)
Емина Стојкова