ПРОЛЕТНИ ЦВЕЌИЊА

Пролетта пристигна и во нашиот крај. Со неа се разбудија и првите пролетни цвеќиња: лале, зумбул, нарцис...
На децата од групата „Пеперутки“ (4-5год.) од објект „Јасмин“, на тема „Пролетни цвеќиња“, им беа понудени повеќе ликовни активности со различни техники: цепи-лепи со самолеплива хартија, печатење со природен материјал и сликање, кои ги реализираа дома заедно со нивните родители.
Еве дел од изработките на вредните деца, кои неуморно работат, учат и се забавуваат!
- Седи дома, учи, играј и забавувај се!
Подготвил воспитувач:
Сања Ѓуреска