МАЛИ УМЕТНИЦИ

Уште од најмала возраст децата се врвни уметници, без разлика дали користат водени бои и четка, мрсни бои, пластелин, самолеплива или колаж хартија или било што друго. Креативноста на децата позитивно влијае на развојот на останатите аспекти од детскиот развој.
Предлог за денешната активност е изготвување на ликовна творба на тема Пролет. (дрва, листови, инсекти, птици, растенија, плодови и друго)
За активноста ви се потребни: листови за цртање во боја или бели, дрвени или водени бои, мрсни бои или пластелин.
Разговарајте на темата Пролет. Објаснете за важноста на годишното време и нејзините карактеристики. Појаснете ги промените во природата и насочете ги децата во размислување пред да пристапат кон изготвување на задачата.
1. Одлучуваат што ќе изготвуваат согласно зададената тема.
2. Прават избор на материјали со кои ќе ја изготват ликовната творба.
3. Естетско вреднување на изработките.
Еве како тоа го реализираа родителите и децата од групата „Буба Мари“ од Матичниот објект
(Во прилог фотографии)
Изготвил воспитувач:
Драгана Аневски