ЛЕТА, ЛЕТА ПЕПЕРУТКА, ШИРИ НЕЖНИ КРИЛЈА...

Децата уште многу рано го изразуваат своето љубопитство за природата и нејзината разновидност. Таа претставува непосреден извор на разновидни впечатоци и доживувања. Децата се радуваат и ја доживуваат нејзината убавината набљудувајќи ги нејзините бои, летот на пчелите, пеперутките, бубамарите.
На родителите од групата „Зајачиња“, од објектот Парк (од 2 до 3 години), им беа дадени насоки, на своите најмили да им покажат слики, апликации или сликовници со инсекти и истите да ги именуваат и опишуваат. Во склоп на оваа активност им беше дадена и стихотворба, која родителите требаше да им ја прочитаат на децата:
 
Пеперутка
 
Лета пеперутка,
шири  нежни крилја.
Лета и се радува,
на пролет лична, мила.
 
Над цвеќенце нежно слета,
таа цвеќе многу сака!
Тогаш едно дете итро
Ја фати со рака.
 
На крај децата со помош на своите родители направија убава пеперутка со ролна од тоалетна хартија и хартија во боја, некои сликаа инсекти, а некои пак боеја инсекти во контура. Тие во целост ја завршија својата задача, а на сите нас ни останува да уживаме во прекрасно поминатите мигови со најблиските и во овие несебично споделени фотографии.
Изготвил воспитувач:
Валентина Драгшиќ