ОД ЗРНО ДО ЛЕБ

Групата „Виножито“, од објектот Парк (од 5-6 години), работеше на темата: „Од зрно до леб“. Децата се запознаа со пченицата од нејзиното садење до подготовка на леб и разните пекарски производи. Дел од децата ја нацртаа пченицата, некои ја  засадија, а некои пак подготвија леб и креативни пецива. На родителите  им беа дадени насоки како најсоодвено да им ја доближат оваа тема на децата. Освен тоа, тие требаше да им ја пуштат песната: „Едно зрнце мало“ (исполнета од хорот на Златно славејче и Александар Митевски на фестивалот Златно Славејче 2016 година).
Како дел од оваа активност родителите требаше да им ја прочитаат на децата народната приказна: „Малата црвена кокошка“.
Впечатоците на децата беа изразени преку илустрација на оваа приказна. Насмевките на лицата на децата и пекрасните изработки кажуваат дека целта сме ја постигнале! Голема благодарност до сите родители кои ги следеа насоките за успешна реализација на активноста и за споделувањето на прекрасните фотографии.
Изговил воспитувач:
Анета Ивановска
Сите фотографии можете да ги погледнете тука: