ТВОРБИ ОД КАРТОНСКИ КУТИИ – НОВИ ИГРИ ВО ДОМОТ

Честопати се среќаваме со тоа дека на децата брзо им досадуваат истите играчки во домот, колку и да ги има на број, секогаш се чини малку се. Тогаш најчесто веднаш купуваме некоја нова. Децата секогаш на тоа се радуваат, но за кусо време и таа им досадува. Но што ако вие,овие денови, заедно со вашето дете изработите играчка или некое катче за игра? Верувајте ќе бидете изненадени од енергијата која ќе ја вложат за да помогнат таа да се создаде, а секако и интересот за игра ќе биде поголем, бидејќи тие, децата, учествувале во процесот на креирање, нивните идеи биле прифатени, нивната играчка единствена на овој свет!
Картонските кутии, големи, мали, во различни форми и формати, секогаш се некаков непотребен предмет, но со малку фантазија, ножички, лепало, селотејп, стикери, некој друг елемент, можат да станат играчка од соништата.
Погледнете неколку идеи, има и за девојчиња и момчиња, големи и мали играчки, катчиња за деца и кукли, возила од секаков тип... Секако ние сме сигурни дека вашите креации ќе бидат многу пооригинални и поуспешни, бидејќи во главите на најмалите секогаш се раѓаат најголемите идеи! Очекуваме фотографии!
 
(Вашите фотографии постирајте на Фејсбук групата на градинката) 
 
Подготвил: Ликовен педагог
Ана Цветкоска-Панова