ВЕЖБАЈ ПРАВО, ВЕЖБАЈ ЗДРАВО СО МАМА И ТАТО

Без разлика дали е Дождливо, Снежно или дури премногу Жешко , време да се одвои за вежбање не е тешко, во дворот,собата, на скалите во нашиот Дом,  игри,вежби се одличен начин да ги натерате сите во семејството да се активираат и да се оддалечат од екраните за кратко, да си посветиме време за нас во овие времиња чудни е доста интересно и слатко. Тато и Мама ќе учествуваа активно,тие се сега наставникот по Физичко,Воспитувач и Неговател.
              
Вежбите во Затворен простор или Дворот треба да бидат кратки,исполнителни, да го опфатат целото тело и доколку сте во можност да бидат пропратени со музика. Пред секоја Активност потребно и најважно да се загрееме не подолго од 5мин.со лесни движења почнувајки од :
  • Глава,
  • Раменици,
  • Торзо,
  • Половина,
  • Колена и
  • Стапала
                                                                 
Постојат огромен број на Вежби кои можат да се изведат, но во затворен простор-Домот, сме ограничени просторно и  временски.Затоа ќе ви одвоиме 3 вежби кои може да се изведуваат индивидуално, во Парови и  се без временски и возрасни ограничувања. Со претходно добро загреано тело може да ги изведувате следниве Вежби:
 
1. Вежби со јаже;
2. Игри со балон;
3. Комплексни Вежби;
 
(-Вежби со јаже;)
- (Скокање со Јаже) е доста динамична вежба која има позитивно влијание врз кардиоваскуларниот систем и неверојатно позитивно влијае за подобрување на координацијата на Детето.Вежбите може да се изведуваат индивидуално и во парови. Потребно е едно Јаже и простор од една соба со малку детска фантазија.
- (Игри со Јаже) Се динамично движење на целото тело кои може да се изведуваат правејки разни форми,прескокнувајки го со една или две нозе,со поголемо јаже правејки форма на круг да игра брканица во внатрешниот дел, борба со јаже –влечејки го јажето едно дете на едниот крај друго дете на другиот крај.
  • Еве линк:
Подготвил Стручен Соработник по Физичко и Здравствено Воспитување:
Ѓоко Маринковиќ