МАЛОТО ЦРВЕНО ЛАЛЕ

Започнете со краток разговор за карктеристиките на годишното време пролет. Разговарајте за бојата на тревата и цвеќињата. Потоа покажете слика на пролетното цвеќе лале. Со помош на презентацијата којашто ја подготвив, може заедно да ја проследите серијата од слики и внимателно да го читате текстот за „Малото црвено лале“. Потребно е да се објасниат непознатите зборови, да се покажува на сликите додека се чита делот од текстот. Може да се поставуваат кратки прашања, со цел да се поттикнат децата на разговор и да се збогати детскиот речник со нови зборови. Активноста може да ја завршите со боење во контура на лале, изработка на лале со превиткување на хартија, со цртање или со прераскажување на содржината. Убав ден - „Ајде да учиме од дома“.
Подготвил воспитувач:
Дајана Митрички Костова