ПРОЛЕТТА Е ИНСПИРАЦИЈА ЗА ДЕТСКИТЕ СРЦА

Природата која е насекаде околу нас е интересна и претставува едно големо исражувачко катче за децата. Промените што се случуваат во годишното време пролет, децата на љубопитен начин ги истражуваат и преку набљудување на промените учат и осознаваат.
Овој пат тргнавме од детскиот интерес за изработка на „Сонце со броеви“. Децата од групата „Детелинка“ (од 3 до 5 години) од објектот „Парк“, поттикнати и мотивирани од пролетта со помош на своите родители го направија најубавото пролетно „Сонце со броеви“. Покрај тоа тие цртаа и боеја расцветано дрво, моделираа со пластелин ран зенечук , направија виножито од грав и се фотографираа пред најубавите пролетни цвеќиња. Заедничката цел е постигната! Голема благодарност до сите родители и деца, кои несебично ги споделија фотографиите со сите нас.
Изготвил воспитувач:
Виолета Гакевска