ПЕЧАТЕЊЕ НА РАСЦВЕТАНО ДРВО

Драги другарчиња и родители, еве една интересна активност која што може да ја направите дома. Потребни ви се бели листови и темперни бои (доколку немате во моментов, може да употребите и водени бои). На листовите, нацртајте дрво со гранки, а децата со своите прсти ќе печатат цветови на дрвото. Децата имаат можност да изберат со која боја ќе ги печатат цветовите на дрвото, со што ја јакнат својата креативност, и воедно ќе се забавуваат.
Во прилог се изработките на децата од група “Ѕвездички” (3-4 год), Матичен објект.
Подготвил воспитувач:
Александра Стојановска