РАСЦВЕТАНА ГРАДИНА

Во овие мигови кога сите сме дома, најбитно за детето е квалитетно поминато време кое кај него ќе разбуди позитивни емоции. Поттикнувајќи ги децата на убави, ведри, креативни и релаксирачки активности – тие ја јакнат својата самодоверба, сигурноста,го јакнат својот дух и се развиваат во здрави детски личности.
Кога со родителите имате одлична соработка, и им дадете слобода во изборот на материјали при изработките навистина се случуваат уметнички чуда.
Насоки кои им беа дадени на родителите е дека треба да работат на тема „Расцветана градина “, а затоа ќе им биде потребно:
- Да земат бели листови (на кои ќе ја изработат активноста), да користат водени или темперни бои, пуканки, восочни бои, лепило... едноставно имаа слобода да работат со се што имаат дома за креативно да се изразат.
Групата „Бонбончиња“ на возраст од 2-3 години,од Матичниот објект ни го разубавија денот со своите творби. На среќата и немаше крај.
Благодарност за споделените фотографии.
 Подготвил воспитувач:
Александра Дедес Трајковски