ИНСЕКТИТЕ ВО ПРОЛЕТ

Кога доаѓа најубавото годишно време пролет целата природа се буди. Во ливадите зелени има цвеќиња расцветани пеперутки, пчелки и буба мари разлетани. Во знакот на пролетта децата од групата „Верверички“ на возраст од 3-4 години од Матичниот објект заедно со своите родители изработија пеперутки, пчелики,буба мари. Исто така децата добија и за задача да ја научат стихотворбата.
Пчеличке
Пчеличке моја мила
каде си се скрила
со очиве мој шарам
цел ден те барам.
 
Од цвет на цвет одам
другарки си водам
збирам сладок мед
за децата од целиот свет.
Подготвил воспитувач:
Билјана Цветаноска