22 АПРИЛ - ДЕН НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА

Земјата и нејзините еко системи се наш дом. Со цел да се постигне рамнотежа, неопходно е да се сака и негува природата.
Меѓународниот ден на планетата Земја се одбележува за да се потсетиме сите, дека Земјата и нејзините природни убавини ни даваат живот и добро здравје.
Овој ден, исто така ја поттикнува нашата одговорност за природата на планетата Земја во целина, како да се однесуваме кон истата и што можеме да направиме за да и помогнеме да остане чиста и здрава.
Денот на планетата Земја претстaвува можност секој од нас како дел од планетата да размисли за своето однесување спрема Земјата, дали се однесуваме правилно и одговорно, и што можеме да направиме да биде почиста и поубава. Бидејки само здрава и чиста животна средина може да ни овозможи квалитетен живот.
Секако дека активностите од овој вид не се доволни само на меѓународно одбележаните денови за заштита на планетата. Неопходно сите ние секојдневно да се трудиме правилно да ги чуваме природните убавини во својата најблиска околина.
СРЕЌНА 50-ГОДИШНИНА ОД ДЕНОТ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА!
Подготвил ликовен педагог:
м-р Ана Цветкоска-Панова