НАЈДИ ГО ЦВЕТОТ

Продолжуваме со поттикнување и развивање на креативноста, истрајноста и љубопитноста кај најмалите во процесот на учење и откривање.  Да ги поддржиме во настојувањето да изведуваат посложени задачи ако покажат интерес  за истото.
Родителите на децата од групата „ШТРУМФОВИ“ (3-4 години), од Матичниот објект, добија задача да разговараат со децата за промените на природата во непосредната околина во годишното време пролет,да им покажат слики и списанија со цвеќиња и инсекти, да ги воочат трите основни бои: црвена, жолта и сина боја, како и да го прочитаат текстот „Трите пеперутки“, кој им беше пратен во прилог.Децата требаше да бојат претходно нацртани пеперутки и цветови во контура и истите да ги исечат со родителите. Готовите апликации можат да се искористат во игра: дали  детето ќе ја стави пеперутката на цветот со иста боја, или да се состави нова слика со доцртување сонце, облаци, трева и слично.
Подготвил воспитувач:
Анета Симоновска