РАН ЗЕЛЕНЧУК

Квалитетното време поминато со децата доведува до развој и развојни промени кои го водат детето во квалитативни и квантитативни промени, односно кон повисок стадиум кој со тек на времето доаѓа до зголемување на функционалните капацитети и компетенции.
Денешната предлог активносте запознавање, именување и опишување на „Ран зеленчук“.
Потребни материјали за реализирање на активноста: разни зеленчуци кои се карактеристични за овој дел од годината (млад лук, кромид, зелена салата, морков, спанаќ, ротквица...)
Децата можат да:
-изработуват на зеленчук од хартија
-бојат во контура со дрвени бои „Ран зеленчук“
-Моделираат зеленчук од тесто или пластелин и сл.
Може да се искористи она што го има во домот, а ќе послужи  за поуспешно и покреативно реализирање на активноста.
Групата „Пчелички“ на возраст од 2-3 години, од Матичниот објект беа вредни и направија креативни творби со помош на нивните родители се разбира во домашни услови.
Благодарност за споделените фотографии.
Подготвил воспитувач
Емилија Каровска