НАУЧИВМЕ ЗА ПРВИТЕ ЗЕЛЕНЧУКОВИ ПЛОДОВИ

Пролетта пристигна, а со неа покрај пролетните цветови и расцутените дрвја дојдоа и првите зеленчукови плодови (лукче, кромитче и марула). Другарчињата од групата „Ѕвездички“ (3-4години) од објектот Јасмин, седејќи дома заедно со своите родители, а под инструкции на воспитувачот се запознаа со нив, најпрвин преку набљудување, опишување и именување, а потоа и научија стихотворба „Ран зеленчук“ проследена со неколку слики. На  крај тие беа многу вредни, си направија вкусна салата, а исто така некои моделираа, а некои ги цртаа плодовите.
РАН ЗЕЛЕНЧУК
Лукче и кромитче,
Баба ми вели
се јадат кога се зрели.
Важно е да се измиени,
со нешто чисто покриени.
Еднаш ќе каснеш
голем да пораснеш.
Подготвил воспитувач:
Александра Балшиќевска