РИТЧЕ, РИД И ПЛАНИНА

Возрасна група од 5 до 6 години.
Група „Верверички“, објект „Јасмин"
По насоките за родителите, како да започнат разговор: по сеќавање одлично искуство, од прошетки во природа, патувања, поглед од прозорец, или пак по слика, децата се запознаваат со ритче, рид и планина, воочувајќи ги разликите во изгледот, големината, височината. Потоа разговараат за различниот растителен и животински свет во нив. Каде има: трева, ливади, цвекиња, шума, каде живеат инсектите, шумските животни и слично. Всушност, ги повторуваат веќе стекнатите сознанија...
Потоа, децата имаа за задача, заедно со родителите, да изработат макета на пејсаж, со ритче, рид и планина (во домашни услови, одбрашно, вода и сол), да ја обојат, насликаат, со водени или темперни бои...
За крај на активноста, можат да ја испеат песната „Пролет иде, што ќе биде... долчиња и ритчиња, ќе закитат китчиња“...
Подготви воспитувач:
Васка Јовановска