ИНСЕКТИТЕ ВО ПРОЛЕТ

Ајде да ги збогатиме детските знаења за инсектите во годишното време пролет и да ја потикнеме креативноста и фантазијата кај нив. За децата од воспитната група „Синолчки“ на возраст од 5-6 години од Матичниот објект, предложивме интересна активност на оваа тема.
Потребен материјал:  лист хартија, дрвени или восочни боици.
- Разговарајте со децата за пролетта и нејзините каректеристики и кои инсекти ги гледаме во природата во ова годишно време.
- Именувајте ги инсектите, опишувајте го нивниот изглед (големина, крилца, пипки, очи, ноџиња, боја, итн).
- Разговарајте за нивната важност за живиот свет во природата за опрашувањето на цветовите, правењето на мед и слично.
- Потоа дајте им на децата хартија и боички и потикнете ги нивните уметнички способности, и нека ја исполнат ливадата со разновидни инсекти.
Ви посакувам убаво дружење и пријатна работа.
Подготвил воспитувач:
Вера Јовановска