МАТЕМАТИЧКА ИГРА

Децата од групата „Бубамара“ (5-6 години), во објектот „Јасмин“ заедно со своите родители играа забавна математичка игра. На родителите им се дадоа насоки за претходно обработените математички поими и упатства како да ги насочат децата да ги користат своите играчки во домот за формирање на множества и нивно квантитативно споредување. Преку оваа игра децатавежбаат: формирање на множество, броење на елементи во множество, поврзување на количина со број, квантитативно споредување на две множества (повеќе од, помалку од и исто толку). Фотографиите од детската активност ни покажуваат дека забавно е да се учи математика со своите играчки.
Подготвил воспитувач:
Александра Миладинова