ВРЕДНИ РАЦЕ

На децата од најмала возраст многу е важно  да им се понудат активности и содржини кои ќе бидат интересни, привлечни, мотивирачки и предизвикувачки, а пред се игровни .
За домашна задача малите „Бонбончиња“ (група од 2-3 години) од Матичниот објект, добија да ги размрдаат своите прстиња и рачиња преку активност каде ќе претураат вода или зрна од едно место на друго, ќе нижат ѓердани од макарони, ќе пишуваат на песок или брашно, ќе фаќаат и најситни предмети со помош на штипка или пинцета.
Преку овие игри и активности кај детето се развива фината моторика. Детето мислејќи дека игра всушност прави вежби и усовршува ситни и прецизни движења,ја развива координацијата меѓу око и рака, го јакне вниманието и концентрацијата, истрајноста, како особини кои се значајни не само понатаму за во училиштето туку и за сите области во животот .
На понудените насоки и активности, децата со помош на своите родители во домашни услови играле, се забавувале,вежбале и уживале во истите. За тоа доказ се и споделените фотографии од нивна страна. Ви благодарам драги родители за соработката и за квалитетно поминато време со вашите деца.
Подготвил воспитувач:
Александра Дедес Трајковски