ДЕЦАТА И СООБРАЌАЈОТ

Децата секојдневно директно или индиректно се учесници во сообраќајот, така и ги учат сообраќајните знаци и правила. Учат како и каде да се движат на улица, учат за деловите на улицата, семафорот, пешачкиот премин, коловозот, велосипедската патека и сл.
Во домот преку игра, слики и разговор децата ги збогатуваат своите искуства и знаења за „Копнениот сообраќај”, а  потоа од разновиден ликовен и неликовен материјал изработуваат по едно превозно средство.
Ја потикнуваме љубопитноста и креативноста кај децата како и трпеливоста и истрајноста во тоа што го работат. Благодарност до вредните дечиња од група „Делфини” (4-5год.) – од Матичниот објект и нивните родители за взаемната соработка, како и за фотографиите од готовите изработки што ги споделија со нас.
Подготвил воспитувач:
Анета Штербинска