ПАТОТ ОД ЈАЈЦЕТО ДО КОКОШКАТА

Запознавањето на децата со домашните птици, нивното опишување, именување, распознавање, предизвикува голем интерес и внимание кај нив. Посебно активноста која е насловена како: „Патот од јацето до кокошката“ децата со внимание ја следат и сакаат активности кои се поврзани со неа. На децата од групата „Детелинка“ (од 3-5 години), од објектот „Парк“ им беа дадени слики кои во праксата служат како нагледни средства за предметите и појавите што се набљудуваат, во овој случај, како од јајцето настанува пиленце, а од пилето кокошка.На родителите им беа дадени насоки како правилно и најзабавно да ја реализираат оваа активност. Всушност на овие фотографии ќе ги видиме семејните обичаи на децата и вапсањето на јацата. Со шарени и весели јајца и учењето беше позабавно!
Изготвил воспитувач:
Виолета Гакевска