РЕЗЕРВНА ПЛАНЕТА НЕМАМЕ!

Денот на планетата Земја е наш годишен потсетник, дека секој ден треба да ја чуваме и негуваме. Животната средина е сè што не опкружува: природата, сонцето, воздухот, животинскиот свет, водата, копното. Животот на нашата планета е многу убав, всушност ние можеме насекаде да шетаме и да уживаме во убавината која таа на ги дава. Најважно од сè, е да се подигне свеста кај децата уште од најмала возраст дека: РЕЗЕРВНА ПЛАНЕТА НЕМАМЕ! Децата од објектот „Парк“, од групата „Виножито“ (од 5-6 години), имаа за задача да разговараат како да ја сочуваат планетата Земја. Тие од својот воспитувач добија предлог да ја нацртаат, да прошетаат или пак да засадат нешто во својот двор.
Децата ја нацртаа и насликаа планетата Земја, некои од нив моделираа инсекти како дел од планетата Земја, а некои пак засадија дрвца во својот двор. Уживајте во споделените фотографии.
Пораката за секое дете и за секој од нас е следна: „Прави  добро за себе, прави добро за сите на оваа планета!“
Изготвил воспитувач:
Анета Ивановска