ПРЕПОЗНАЈ ГО ЗВУКОТ

За  денес ви предлагаме игра која влијае врз развојот на говорот,мислење, памтење и концентрација. За играта: „Препознај го звукот“ потребно е на детето да му пуштите различни звуци од животни, предмети или пак звуци од природата без да ги гледа. Детето ќе треба да погоди за кој звук станува збор, да го именува и да го опише. Заедно имитирајте го звукот или пак одот на животното.
Менувајте го интензитетот на звукот од најтивко до најгласно, па така играјте и со вашиот глас.
Следете го  интересот на детето и забавувајте се.
(Од сликите може да направите сложувалки за најмалите и да ги именувате и продуцирате звуците од дадените илустрации)
Подготвил: Клинички логопед-специјалист
Анета Конеска Ѓорѓев