ДЕТЕТО И СООБРАЌАЈОТ

Знаењата и искуствата од областа на сообраќајното воспитување што ги стекнале децата во претходните две возрасни групи, сега се дополнуваат и прошируваат, а задачите се усложнуваат. Децата на возраст од 4-5 години малку потешко ги усвојуваат овие поими, па затоа се потребни разновидни и подолготрајни вежби во занималната или во дворот на градинката. Засега тоа е невозможено, но штом се вратиме во нашата најмила градинка и самиот пат до неа, ќе бидат често предмет на набљудување на децата, а исто така ќе се реализираат разновидни и корисни вежби за полесно усвојување на оваа тема.
Децата од групата „Пеперутки“ (од 4-5 години) од нашиот објект „Парк“ нестрпливо ја очекуваат секоја задача и заедно со помош на најкреативните родители ја реализираат истата. Овој пат нивните дела нека зборуваат, а наше е да уживаме во несебично споделените фотографии.
Изготвил воспитувач:
Емилија Стојкова
Сите фотографии можете да ги погледнете тука: