ИГРИ ВО ДОМОТ

Една од најубавите работи во детството се игрите. Децата често знаат и сами да си смислуваат игри, но убаво е кога и родителите се вклучени и целото семејство се забавува.
Коцки, карти, едукативни игри, изборот е огромен, а ние ви предлагаме неколку идеи за интересни игри во кои деца ќе уживаат во својот дом заедно со своите родители, а воедно ќе можатдецата да ги развиваат интелектуалните и когнитивните способности, креативноста, меморијата, фантазијата и сл.:
  1. Игри со букви
Ако вашето дете е доволно големо за да почне да ги учи буквите, можете преку игра да му помогнете во тоа. Направете картички со букви, слично како играта „Меморија“ – нека има по две картички со истата буква и измешајте ги.
Детето нека извлече една карта и нека ја спои со другата карта со истата буква која претходно била отворена. Потоа, нека каже збор што почнува на таа буква.
Од картичките со букви можете да направите и сложувалка. Целта е детето да ги нареди деловите од една буква и да каже збор што почнува на таа буква.
  1. Колку предмети има?
Натпреварите се одличен начин децата да се забавуваат. На еден послужавник ставете 10 мали предмети и покријте ги со крпа. Откријте ги и дајте му на детето време од 10 секунди да ги проучи. Потоа, нека каже какви предмети има. Победник е оној кој ќе наброи најмногу предмети од послужавникот. (Во оваа игра заедно учествуваат децата и родителите).
  1. Допри нешто жолто.......
Кажете му на детето да допре нешто жолто и тоа треба да се движи низ просторијата и да пронајде жолто парче мебел или предмет. Потоа, продолжете со друга боја или материјал. Ова е добра игра за повторување на боите и размислување.
  1. „Измислување приказна“
Оваа игра е совршена за развивање на фантазијата. На детето треба да му се дадат логички неповрзани зборови. Побарајте од него да измисли приказна во која ќе ги употреби сите зборови, на пример: Шума, тркало, чај, автомобил, бран, месечина, снег. Ќе се изненадите од тоа колку е неверојатна детската фантазија!
  1. „Меморија“
Многу  игри за деца од 5 години служат како добра забава и промовираат семејна комуникација, а исто така развиваат внимание и размислување на детето.
- Земете 10 играчки, нека детето се обиде да ги запамети, а потоа да ги затворат очите. Поместување на играчките на места, и детето ќе ги стави во оригиналниот ред.
- Кога детето ги затвора очите, отстранете ја едната играчка. Нека одреди кој елемент недостасува.
Подготвил педагог:
м-р Катерина Бутлеска Илиќ