15 МАЈ - МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА СЕМЕЈСТВОТО

Целта на обележувањето на овој ден на семејството е афирмација на семејните вредности и истакнување на рамноправноста помеѓу членовите во рамките на семејството,  и заштита на семејството како основна единица на општеството и помош како едно семејство да ги исполни своите одговорности.
Семејството има основна цел која треба да му овозможи на секој нејзин член да го пронајде местото во општеството на кое му припаѓа. Таа е основна ќелија на едно општество и затоа треба да негува здрави семејни односи меѓу членовите. Семејството треба да биде стабилна социјална заедница во која партнерите се рамноправни, постои меѓусебна љубов, взаемно  почитување, разбирање и доверба помеѓу нејзините членови. Здравото семејство се карактеризира со поврзаност помеѓу членовите и нивна отворена комуникација. Во неа се почитуваат личните граници и автономија на секој поединец,  се прифаќаат и охрабруваат искажувања  на позитивни и на негативни чувства и емоции. Членовите на семејството се чувствуваат како да живеат меѓу пријатели во кои имаат доверба.
Денес го обележуваме овој значаен ден на семејството. Ви предлагаме активности со кои ќе можете и вие драги семејства да ги вклучите и поучите и вашите деца за значењето на семејството.
Примери за забавни активности на семејството:
Раскажувајте ги приказните во кругот на семејството. Една од омилените игри за децата е кога секој член од семејството додава по една реченица или мал дел од приказната, потоа ја предава на другиот член од семејството кој продолжува да ја раскажува. Тоа може да биде позната приказна која вашето дете ја обожува.Станувамногузабавно и ситеостануваатангажираниво активноста, а вклученоста на сите членови од семејството е од исклучителна важност за сигурноста на детето.
Игрите со сложувалки ги учат децата на вредни животни вештини како што е тимска работа, заедничко донесување на одлуки, споделување на решенија и проблеми. Чувајте ги вашите сложувалки на исто место каде што стојат и нивните играчки, на тој начин ќе станат природен избор за игра на вашите деца. Одлучете заедно кои се најдобри!
Изготвил социјален работник:
Марија Стојчевска