УЧЕЊЕ ПРЕКУ Е-ЗАНИМАЛНА

Никогаш досега во поновата историја на светоттолку многу деца во исто време не биле надвор од образовниот процес. Како добара практика да се продолжи со воспитно-образовниот процес кај предучилишните деца, е учење и следење на активности од далечина.
Е-занималната како форма на учење од далечина која е дел од Иноеду платформата на Министерството за образование и наука е начин на кој децата истовремено се безбедни во своите домови, а можат да учат на начин како во вистинска занимална. Иако најголемиот недостаток е непостоење на контакт со своите учителки, сепак улогата на е-занималната во оваа состојба е од непроценливо значење. Таа  како форма на учење го доближува процесот на учење кај децата на начин кој им е близок и познат – со оглед на тоа дека децата се под најголемо влијание на технолошкиот развој. 
Зошто е важно учењето на далечина? Пред се им помага на родителите да се запознаат поблиску со начинот на реализација на активностите кои ги реализира воспитувачот, да ја разберат важноста на активното учење, имаат можност да го разберат и да го набљудуваат развојот на своето дете, да ги следат нивните интереси да го откријат стилот на учење кој најмногу го сака нивното дете. А за децата? За децата нема посреќен момент од тоа да ја видат својата учителка на еден невообичаен начин преку разни социјални апликации кои им овозможуваат на луѓето социјална комуникација. Имајте секогаш на ум децата доживуваат разни непријатни чувства и емоции. Ликот на учителката за поголем број на деца е сигурна основа преку која ќе се почувствуваат безбедно и ќе стекнат впечаток дека сепак не е изгубен контактот со „нормалниот“ начин на живот на кој се навикнати. Преку видеата децата учат нови поими, ги поврзуваат старите искуства со нови знаења, следат разни задачи зададени од нивните учителки, анамногу од се активното учество на родителот в процесот на учење на нивните деца.
Следете ја „Нашата е-занимална“ од нашите воспитувачи:
4 до 6 години - Наука - Запознавање и разбирање на околината – „Домашни птици“
Погледнете ги сликите од реализираните активности дома на кои одговорија децата со нивните родители од возрасната група од 4-6 „Авиончиња“ Матичен објект.
Подготвил воспитувач:
М-р Сања Алексоска