УБАВИНАТА Е ВО РАЗЛИЧНОСТИТЕ

Усвојувањето на јазикот и негово правилно користење е важно за успешно функционирање на секоја индивидуа во општеството. Јазикот на децата им е неопходен да ги изразат своите мисли и чувства како и за комуникација со останатиот свет. Децата литературниот јазикот го развиваат и негуваат преку поезијата за деца, приказните, бајките и басните.
Убавината во реализираната активност е во разноликоста на обработка на иста тема од страна на воспитувачите. Тие користејќи ја својата креативност една тема ја обработуваат на различни начини, впрочем убавината е во различностите. Овој пат за јаготката, децата од групата „Зајачиња“ (од 2 до 3 години) од објектот „Парк“, научија преку обработка на стихотворба, а потоа нацртаа и боеја јагода зрела.
 
Јагоди
 
На полјана зелена
сред цвеќиња бели,
ене ги ѕиркаат
Јагоди зрели.
 
И децата и птиците
јагодите ги јадат,
бојата од сонцето,
по цел ден ја крадат!
Изготвил воспитувач:
Валентина Драгшиќ