ВРЕДНИ РАЦЕ

Ајде да ја разубавиме детската игра.
Игрите со пластелин се секогаш омилени кај децата и во овие денови на изолација кога мора да седиме дома играјте и вие со нив. За децата од воспитната група „Синолчки“ на возраст од 5-6 години од Матичниот објект, предложивме интересна активност.
Замесете пластелин заедно со вашите деца и направете им го денот поинтересен.
Рецепт за пластелин:
- 2 чаши вода 
- 2 чаши брашно
- 2 лажици сол
- 2 пакечиња лимонтус
- прехрабена боја или боја за јајца
Се мешаат сите состојки освен бојата и се варат на тивок оган.Се меша додека не се добие тесто.
Тестото се остава малку да се лади. Потоа се меси околу 2 мин и по потреба се додава брашно.
Се дели на топчиња, во секое топче се прави дупче со прст и се става по неколку капки боја па повторно се меси.
Се чува во најлонче.
Потоа дајте им на децата да играат, моделираат, обликуваат разни форми по нивна желба, потикнете ја нивната креативност и фантазија и збогатете ја детската игра.
Подготвил воспитувач:
Вера Јовановска