ЗДРАВИ НАВИКИ - ЗДРАВИ ДЕЦА

Благодарение на развојот на технологијата и големите можности што ги нуди, со родителите и децата од групата: „Мечиња“ (5-6год.), од објектот: „Матичен”, продолживме со реализација на планираните активности таму каде што застанавме, а и додадовме нови, но сега на виртуелен начин (online- преку програмата Zoom). Сето ова со цел децата да останат поврзани со градинката, воспитувачите, другарчињата и покрај изолацијата, секако и да учиме низ игра и полесно да ни поминуваат деновите.
Во рамките на актуелната ситуација, а во рамките на превенција и безбедност на здравјето на децата одржана е активност: „Здрави деца “. Со децата осознавме за значењето на седењето дома, социјалната дистанца и определени здраствено-хигиенски секојдневни активности за одржување на хигиената(правилно миење на раце, исхраната, одморот, движењето и играта).
Активноста го поттикна мисловниот процес, истражувањето и практикувањето на новите знаења. Резултатот од активноста се рефлектираше во цртежите кои ги нацртаа и испратија како силна порака за свесноста за социјалната дистанца, определените здраствени хигиенски активности, заштита и превенција од висрусот.
Големо БРАВО за умните дечиња и БЛАГОДАРАМ зародителите кои го овозможија наше дружење и учење.
Изготвил воспитувач:
Валентина Буш-Бошњакоска