СООБРАЌАЈОТ ВО МОЈОТ ГРАД

Запознавањето со елементите на улицата, однесувањето на улицата и патот, правилното движење на тротоарот, преминувањето на улицата на пешачки премин, почитувањето на светлосните знаци на семафорот итн, се доста важни елементи кои детето уште од најмала возраст треба да се запознае и сериозно да ги применува, заедно со возрасно лице. Всушност ние возрасните сме најдобар пример за правилно однесување на патот и почитување на знаците во сообраќајот.
На групата „Јаболчиња“ од нашиот објект „Парк“ (0д 5-6 години) и на нивните родители им беа дадени насоки да разговараат за разните видови на сообраќај, за сообраќајните знаци и за безбедно учество во сообраќајот како пешаци. Децата добија стихотворби, гатанки и слики за полесно и поинтересно усвојување на оваа тема.
Голема благодарност до сите родители кои несебично и на многу креативен начин ја реализираа оваа активност.
Изготвил воспитувач:
Благица Чаневска