ВЕЖБИ ЗА БИЛАТЕРАЛНА КООРДИНАЦИЈА

За нашата денешна активност, во која ќе се забавуваме, развиваме фина-моторика и билатерална коодрдинациаја (ускладена работа на двете хемисвери на мозокот во исто време), ни се потребни:
  1. Пластелин, тесто или домашен пластелин;
  2. Мали топчиња, џамлии или мали колички (доколку во моментот немате ниту еден од наведените предмети движењата можат да се прават и со прсти).
Со материјалот со кој што ќе се одлучите да работите правите долги змии и ги виткате во круг како спирала со растојание меѓу нив да може да се движи предметот што сте го одбрале. Направете две такви спирали и поставете ги на маса една до друга на оддалеченост која му дозволува на вашето дете да прави кружни движења со двете раце истовремено. Целта на играта е детето а може истовремено да ги движи предметите или прстите низ двете спирали кон надвор или кон внатре. Доколку не успева не се обесхрабрувајте за почеток може и една по една рака. Спиралите можете да ги направите и во форма на квадрат или триаголник.Пријатна забава !
Во прилог рецепт за домашен пластелин.
Подготвил дипломиран специјален едукатор-рехабилитатор:
Емина Стојкова