ИЗРАБОТУВАМЕ ИНСЕКТИ

Креативноста е нешто со кое се раѓа секое дете , но и се губи со текот на годините.
Затоа е потребна нејзина постојана стимулација, на тој начин ќе се развива имагинацијата и ќе се будат нови идеи кај децата.
Кога ќе ги прашате децата: Каква е пролетта?- тие ќе ви одговорат: Убава
Да, таа е шарена, мирисна, цветна, сончева, го буди секој дел од природата.
Дајте им на децата некој празен лист, бои, самолеплива хартија, ножички, лепак и ете магија.
Нашите Пеперутки (2-3 години) од Матичниот објект на природата и се радуваа и инсекти од различни материјали си изработуваа.
Подготвил воспитувач:
Татјана Чаневска Јовановска