ЈАГОДИТЕ ВО ПРОЛЕТ

Започнете разговор со вашите најмили за овошјето во пролет колку е корисно и здраво, богато со витамини кои ни се потребни за раст и развој на нашето тело. Понудете му на вашето дете јагоди, дадете детален опис на јагодата: за нејзиниот изглед, боја, форма. Дајте му на детето да го вкуси и почуствува пријатниот мирис.
Децата од групата Верверички (2-3 год.) од Матичниот објект имаа за задача да изработат јагоди од хартија, да бојат во контура со дрвени боички, или пак да моделираат од тесто или пластелин. На тој начин детето ќе ја развие својата креативност во секојдневните активности.
Голема благодарност до сите родители кои ги следеа насоките и успешната реализација на активноста и за споделувањето на прекрасните фотографии.
Подготвил воспитувач:
Билјана Цветаноска