ЖИВИОТ СВЕТ ВО БАРАТА

(Група „Верверички", од 5-6 год., oбјект – „Јасмин")
Запознавајќи ги децата со разни природни еколошки средини, во кои живее и опстанува најразличен жив свет, приспособен за живот во својата природна средина, сакавме да ја поттикнеме љубопитноста кај децата, да ги збогатат своите созанија, запознавајќи ги со барата, како природна животна средина и живиот свет во неа. Родителите им прочитаа на децата неколку предложени, познати илустрирани басни: „Жабите во барата", „Штркот и жабите", „Зајаците и жабите"... Слушајќи ги и прераскажувајќи ги, децата се запознаа со основните карактеристики на живиот свет во барата. Ги запознаа жабите, штрковите, патките, трските, цветовите и слично, кои потоа, вешто, илустративно ги нацртаа.
На родителите им предложивме да нацртаат сликички со познати за децата и животни, растенија, предмети, во чии имиња се содржат гласовите, „З" и „Ж", во сите положби на зборот: иницијална, медијална и финална. Децата покажувајќи ги и изговарајќи ги поимите на сликичките да вежбаат артикулација на гласовите „З" и „Ж", нивен правилен изговор.... Ни испратија и фотографии од нивната успешна работа...
Подготвил воспитувач:
Васка Јовановска