ЗДРАВА ХРАНА

Креативноста на децата позитивно влијае на останатите аспекти на детскиот развој. Предлог за денешната активност е разговор за здравата храна, овошјето во пролет, јагодите и црешите.
  1. Разговарајте за здравата храна;
  2. Важноста на овошјето и неговите карактеристики;
  3. Насочете ги децата да размислуваат пред да пристапат кон изготвување на задачата;
  4. Оставете ги децата да одлучат што ќе изработуваат;
  5. Самостојно прават избор на материјали за разбота.
За крај децата имаат задача да научат една стихотворба:
ПРОЛЕТНО ОВОШЈЕ
Јагодата е овошје
Слатко и прво,
Да знаете сите,
Не расте на дрво.
 
По неа црешата
Исто како лани,
Со плодови зрели
Децата ги кани.
 
А, кој јаде овошје
Секој ден,
Тој ќе биде силен
И здрав како дрен.
Еве како ја реализираа активноста децата од групата „Срнички“ (4-5 години), во објектот „Јасмин“.
Подготвил воспитувач:
Марија Галевска