ПРОЛЕТНА СЛИКОВНИЦА

(Утврдување на знаењата за годишното време пролет)
Со другарчињата од групата „Медени Мечиња“ (2-4 години) од објектот Јасмин, преку слика, разговор и набљудување ги утврдивме и проширивме знаењата за годишното време Пролет.
Природата се буди - Сонцето топло не грее, раззеленува тревичката, цутат овошните дрвја и цвеќињата, се будат инсектите во ливадата, животните од зимскиот сон, птиците преселници се вратија од топлите краеви и се е убаво, шарено, миризливо и цветно.
Им предложив повеќе активности- боење во контура, сликање со темперни бои, печатење со прст, печат, стапчиња од памук, изработки од колаж, цепи- лепи со самолеплива хартија и многу други, ,  се во зависност од матерјалите што ги имаат дома.
И ми испратија преубави слики, кои мора да ги споделам со вас.
Уживајте во прекрасните фотографии, изработени од вредните рачиња на најумните дечиња од групата „Медени Мечиња“.
Подготвил воспитувач:
Даниела Раичковиќ